Факти за женскиот оргазам кои би требало да ги знаете

Една од најважните лекции кога станува збор за сексот, а која секое машко би требало да ја знае е таа поврзаната околу женскиот оргазам. Се работи за комплексен феномен кој и на научниците им е тежок за разбирање.

За добрите работи потребно е време - Истражувањата покажале дека на жените може да им биде потребно од 15 до 40 минути за да постигнат оргазам за време на сексуален однос. На мажите во просек им се потребни околу две минути. Резултатот е тоа што многу жени и не постигнуваат оргазам. На секое машко на кое му е важно неговара сакана да доживее оргазам мора да посвети повеќе внимание.

Исклучително значајно е да им го пофалите изгледот на жените - Женскиот оргазам е емоционално искуство колку што е и физичко. Многу жени се чувствуваат несигурни додека се голи. Додека на мажите телото на својата партнерка им е сексуално привлечно, таа тоа не може да го знае доколку не и' го кажете. Па и 100 пати доколку е потребно. Па кога ќе се соблече, не се воздржувајте од комплименти. И на вас ќе ви биде поубаво, ќе видите.
Жените можат да имаат повеќе оргазми истовремено - Не, тоа не е мит. Некои жени можат да имаат повеќе оргазми. Зошто тогаш да им го оневозможите таквото задоволство? Постојат два вида на повеќекратни оргазми. Секвенцијален оргазам е оној на кој мажот може да влијае. Тоа се оргазми одвоени од две до три минути. За жената да го постигне овој вид на оргазам партнерот би требал да ја бакнува и милува по првиот оргазам. Гениталното подрачје не би требало да се допира за клитористот да има време да се "опорави".

Додатоци - На многу мажи многу им е сложена задачата партнерката да ја доведат до оргазам, но имаат две прилики бидејќи жените можат да постигнат клиторичен и вагинален оргазам. Доколку ви е тешко, обидете се со сексуални играчки и помагала кои можат да направат чуда.

Чудесната моќ на јазикот - Што се однесува до задоволството на жените, најдобриот машки мускул се наоѓа помеѓу забите, а не помеѓу нозете. Истражувањата покажале дека многу жени полесно доживуваат оргазам за време на орален секс. За тоа постои и анатомска причина. Повеќето од чувствителните нервни завршетоци се наоѓаат на надворешната страна, на клиористо и околу вагиналниот отвор. Оралниот секс поради тоа на многу жени им претставува поголемо уживање.

извор: Точка

08.10.2014 - 15:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега