Сатараш- Мешан зеленчук во тегла

 

Потребно е:

700 гр кромид, ситно сечкан

1 кг црвени бабури, исечени на парчиња

500 гр модри патлиџани, исечкан на покрупни парчиња

1,5 кг домати, исечни на парчиња

200 мл масло за јадење

сол и бибер

неколку зрна конзерванс (по желба)

Начин на подготовка: Прво, исечкајте ги сите видови зеленчук. Модрите патлиџани посолете ги за да испуштат течност и за да ја изгубат горчливоста. Во тенџере ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло ставете го кромидот да се пржи околу 10-15 минути, додека да омекне. Потоа, ставете ги пиперките и парчињата модар патлиџан. Измешајте и додадете ги доматите. Оставете да се крчка сето 10-15 минути. Посолете, побиберете и убаво измешајте. Уште додека е врела содржината во тенџерето наполнете ги претходно стерилизираните тегли. Затворете ги со метални капачиња кои претходно ќе ги намокрите во малку алкохол за да се затворат теглите убаво и цврсто. Во големо тенџере ставете крпа и наредете ги теглите внатре притоа да не се допираат. Тенџерето наполнете го со вода, со тоа што ќе оставите 2-3 см простор под капаците. Сето покријте го со друга крпа, ставете го на рингла и на тивок оган варете 20 до 30 минути. По 30 минути, тргнете од оган и оставете ги во тенџерето теглите да стојат топли 24 часа, додека да се оладат целосно.

Извор: Часови по готвење

07.10.2014 - 15:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега