ДЕТАЛИ: Пронајденото тело со иста облека како Дениса Маркоска

 
Само облеката на безживотното тело кое ја исфрлила водата на брегот од Егејот е иста како што носела исчезнатата Македонка Дениса Маркоска чија трага и се изгуби пред 24 дена на палубата од бродот Сиренисима. 
 
Бојата на очите  и косата на трупот засега не се открива дали се истите како на девојката од Прилеп. Обдукцијата и ДНК анализата на трупот кој сега е во надлежност на тамошната судска медицина, ќе треба да го потврди идентитетот. 
 
-Не информираа дека е најдено тело кое според описот коренсподира на исчезнатата. Ќе се направи ДНК анализа за да се утврди идентитетот. – информираат од МНР.
 
Освен информацијата за облеката која во јавноста проструи преку грчките медиуми, засега нема детали во каква состојба било пронајдено телото и дали на него имало видливи траги на насилство. Обдукцијата ќе треба да покаже дали за цело време телото било во вода. Трупот бил пронајден во саботата на брегот на островот Карпатос. 
06.10.2014 - 22:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега