Британската консултантска компанија „Јуро Би-Пи Ар“ ќе отвара канцеларии во Македонија
Британската консултантска компанија „Јуро Би-Пи Ар“ е заинтересирана да отвори канцеларии во пет поголеми градови во Македонија, меѓу кои и Штип. Бара млади, високо образувани кадри, а слободни места има за над сто невработени.
Како што рече доцна попладнево министерот за странски инвестиции Горан Мицковски по средбата со градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев на која присуствуваа и претставници на „Јуро Би-Пи Ар“, повеќе странски компании најавиле инвестиции во земјава.Не прецизирајќи, за кои компании се работи, се до финализирањето на договороти со нив, министерот е убеден дека 2014 година ќе се заврши на најдобар можен начин.
- Веќе има завршени проекти за инвестирање од странски инвеститори чии одлуки се дефинитивни да инвестираат во Македонија. Дел од нив ги имаат и лоцирано локациите во земјава, каде ќе ги градат своите објекти. За нивно обелоденување чекаме дозвола од нивните менаџерски тимови, бидејќи тие компании котираат високо на светските берзи поради што мора да се почитуваат и одредени бизнис правила, изјави Мицковски.
Според него, поголем дел од компаниите - потенцијални вложувачи се од производствениот сектор. Не е исклучена можноста меѓу нив да се најдат и компании од други области, како ИТ, услужни дејности, енергетика.
Мицковски оцени дека успешно се реализирале првите сто дена од работата на неговото Министерство. - Исполнето е она што беше зацртано како план за работа во изминатите 100 дена, подвлече Мицковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа