Продолжува нестабилното време, утрински температури до 7 степени

 

Утре времето ќе биде претежно облачно со локален дожд и можна појава на грмежи во попладневните часови.

Повеќе врнежи утре се очекуваат во југоисточните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 20 степени.

Од среда следува период на стабилно, суво и потопло време.

 

06.10.2014 - 19:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега