Во МНР одбележани 100 години од почетокот на Првата светска војна
Во Министерството за надворешни работи во присуство на дипломатскиот кор и други гости денеска беше одбележана стогодишнината од почетокот на Првата светска војна со пригодни обраќања на министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер.
Како што соопшти МНР, министерот Поповски во обраќањето истакнал дека Република Македонија отсекогаш се залагала за слобода, мир, солидарност и оти како субјект во меѓународната заедница, секогаш е подготвена да даде придонес во борбата против предизвиците и глобалните ризици.
- Би сакал уште еднаш да се поклонам пред борците и македонските цивили кои заедно со другите европски народи ги жртвуваа своите животи за слобода и мир давајќи придонес во создавањето на денешната обединета Европа, потенцирал Попоски.
Овој настан организиран заедно со француската Амбасада претставува почеток на циклусот настани кои многу европски држави, вклучувајќи ја и Република Македонија во следните четири години ќе ги посветат на стогодишнината од Првата светска војна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа