Паднаа пресудите за Шипон: 9 години затвор за генерал Горан Стојков - екс-шефот на кабинетот на Вељаноски 18 месеци во затвор

 

На обвинителната клупа денеска седнаа обвинетите за случајот Шпион. Највисока казна од 15 години затвор доби првообвинетиот поранешен разузнавач Маријан Ефремов. Поранешниот генерал Горан Стојков доби затворска казна од девет години, а поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, доби три години казна затвор. Марјан Маџовски добигодина и половина. 

Обвинетите се товарат дека како злосторничка група собирале и доставувале до странски разузнавачки служби информации за радикален исламизам, за изборите и политичките случувања во земјава и за поставеноста на безбедносните служби.

Според Обвинителството Ефремов кој доби највисока казна е „мозокот“ на мрежата, на кој останатите обвинети му ги предавале информациите кои ги собирале нему.

06.10.2014 - 11:21
Фото: 
канал5


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега