Работилница за постапување по случаи за заштита на лични податоци

 

Дирекцијата за заштита на лични податоци денеска и утре е домаќин на меѓународната Работилница за постапување по случаи (Case Handling Workshop), дел од серија настани организирани еднаш годишно од органите за заштита на податоци во различни земји, со цел да се разменат идеи, искуства, знаења, информации за практични прашања на оперативно ниво.

На работилницата во Скопје присуствуваат претставници на органите за заштита на податоци на меѓународно ниво од Германија, Швајцарија, Унгарија, Монако, Луксембург, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Италија, ЕУ, Европската комисија и Европскиот супервизор за заштита на податоците кои се редовни учесници, а целта е да се опфатат случаи теми посветени на правото на приватност на интернет и објавување на податоци за цели на судските постапки - правото на фер судење, прекумерна збирка на лични податоци и рамнотежа помеѓу правото на заштита на личните податоци и правото на пристап до јавни документи, прекумерно собирање на лични податоци од компаниите за издавање недвижнини, мониторинг на јавни место од страна на камера инсталирана во возило и друго.

Од ДЗЛП наведуваат дека од особено значење се меѓународните искуства на овие теми со оглед на бројот и видот на добиени претставки во изминатиот период, како и извршениот инспекциски надзор.

06.10.2014 - 09:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега