ВИДЕО: Наскоро ќе го загуби видот- Ова е последното место кое сака да го види

9- годишниот Бен Пирс од Далас е детенце предвреме родено, на кое  докторите не му даваа многу шанси за преживување.

Уште од најрани години Бен се покажа колку голем борец за живот и успеа да ги преживее критичните периоди од најраните денови.

 

За жал, неговите очи не го следеа развојот на неговото тело, па видот почна да му слабее и Бен наскоро целосно ќе го изгуби сетилито за вид, а докторите не се сигурни кога точно ќе се случи тоа.

Малиот Бен веќе беше подложен на операција која само на кратко ја запре таа загуба на видот, па сега тој е одлучен во намерата, пред целосно да го загуби видот, да ги посети и види сите места и нешта кои сакал во својот живот.

Во тоа поддршка му даваат и родителите, па Бен ја направи својата листа на желби.

Ајфеловата кула, пирамидите во Египет, продажниот центар на Apple во Далас и Сончевата плажа во Лос Анџелес се само некои од неговите желби.

 

Но, една негова желба, сепак, испадна невозможна, со оглед на тоа дека Бен потекнува од 6-члено семејство. Тоа беше желбата да ја посети Алјаска, со цел да ужива во глетката на прекрасната поларна светлина Aurora Borealis.

Сепак, можноста да го види тоа чудо на светот му ја обезбеди љубезноста на целосни странци. Еден од нив е пилотот на Alaska Airlines, Крис Сајс, кој за состојбата на Бен слушна 0д својата ќерка, која за неговата желба слушнала на школо.

Сајс веднаш одлучи да му помогне на малиот, ги контактираше своите шефови на аеродромот и сите заедно му помогнаа, обезбедувајќи авионски карти за целото негово семејство.

Бен во четвротокот најпосле ја виде фасцинантната глетка на волшебната светлина.

 

„Беше навистина прекрасно“, изјавл Бен.

06.10.2014 - 09:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега