„Детски права за наше детство!“ - детска недела во Македонија
Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика од денеска ja почнуваaт Детската недела под мотото „Детски права за наше детство!“.
Со разни активности се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври.
Организаторите порачуваат дека децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост, и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.
Во рамките на предвидените активности, Сојузот за грижи и воспитување на деца ќе донира опрема во Интернатот за деца од социјално загрозени семејства при ООУ Гоце Делчев – Бутел и детски играчки во градинката во Автокоманда.
Во петок ќе биде организиран свечен прием за сите првачиња во Република Македонија во Детската организација со давање свечена заклетва.
Детската недела ќе заврши во петок со театрската претстава на Десткиот алтернативен театар „Големи и мали“ и со маршот кој ќе се изведе на 12 октомври 12:00 од Порта Македонија до Владата на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа