Трпевски: Воспоставувањето на инфраструктурен катастар е еден од клучните проекти

 

Во првите 100 дена од работата на Владата на Република Македонија во делот на Катастарот се реализирани голем број на проекти, од кои дел се ветени и реализирани, а дел од нив се реализирани иако не беа ветени во Програмата. Во тек на реализација се проектите за воспоставување на дистрибуциски ситем на катастарот кој ќе овозможи нови електронски сервиси за граѓаните и бизнис заедницата, а во тек се и активностите за премерување на гравиметриските точки низ целата територија на РМ. Ова на денешната прес конференција го истакна Славчо Трпевски во ВМРО-ДПМНЕ.

Во предизборната Програма  на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено“ која по конституирањето на Владата на Република Македонија се преточи во Владина програма, има вкупно 2046 проекти од сите сфери на општествениот живот а задолжени за нејзино спроведување, се сите институции во Република Македонија.

Во првите 100 дена од работата на Владата на Република Македонија во делот на Катастарот се вети и се реализира поврзување на катастарот со сите професионални корисници и Електронскиот шалтер кој работи 24 часа.

Денес, преку Електронскиот шалтер на Агенцијата за катастар на недвижности исклучиво по електронски пат, се врши запишувањето на договорите за  купопродажба на имот од страна на нотарите, како и запишувањето на новоизградените објекти која го прават општините. Електронскиот начин на достава, електронскиот начин на регистрација на имотот од страна на катастарот, двојно го намали времето потребно за регистрација на имотот. Денес електронски со катастарот се поврзани сите нотари, сите општини, сите геодетски фирми и сите извршители.

Нотарите, геодетите, приватните геодетски фирми, извршителите, банките, проценителите, ревизорите и сите останати професионални корисници 24 часа преку електронскиот шалтер на Агенцијата обезбедуваат податоци, но и поднесуваат предмети до катастарот. Заклучно со месец  Август 2014 година, веќе 1/4 од вкупниот број на предмети кои ги прима катастарот се по електронски пат, што значи професионалните корисници не доаѓаат на шалтерите на Агенцијата туку услугата на граѓаните им ја даваат од своите канцеларии.

Во првите 100 дена од работата на Владата на Република Македонија се вети дека ќе се започне и се започна со Проектот Регистар на цени за недвижностите за кој проект, во месец Август се донесоа  измените на Законот за катастар на недвижности, со кои се предвиде формирање на Регистар на цени и се започна со надградбата на Електронскиот катастар во кој ќе се регистрираат сите цени од договорите за купопродажби и договори за закуп на недвижностите. Регистарот ќе започне да се полни со податоци од 01.01.2015 година.

Со донесувањето на измените на Законот за катастар на недвижности од средината на месец Август, започна реализацијата на проектот за бесплатно изготвување на геодетски елаборати за Легализација на бесправно изградени објекти на приматели на Социјална и постојана парична помош и лица со ниски примања.Заклучно до денес примени се  340 барања и изготвени се 109 бесплатни геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти.

Воспоставувањето на Инфраструктурен катастар во Република Македонија е еден од клучните проекти на катастарот. Денес во Инфраструктурниот катастар е овозможено да се запишуваат инфраструктурни објекти од областа на телекомуникациите, електро - енергетските инфраструктурни објекти како и водоводната и канализационата инфраструктура. Во тек се активностите за надградба на електронскиот катастар за сите простанати инфраструктурни објекти.

За десетина дена сите досега евидентирани инфраструктурни објекти од иницијалниот упис ќе бидат прикажани на веб гис порталот на Агенцијата за катастар на недвижности, за да може целокупната македонска јавност да има увид во истите.

Во тек на реализација се и проектите за воспоставување на дистрибуциски ситем на катастарот кој ќе овозможи нови електронски сервиси за граѓаните и бизнис заедницата, Во полн ек се активностите за премерување на гравиметриските точки низ целата територија на РМ. До септември 2014 година се премерени околу 75%, Дигитализација на катастарските планови се работи со полна пареа, заклучно со месец септември се дигитализираа 874 катастарски општини или 53,84% од територија на РМ, Во тек е и проектот за Поврзување на системот на издавање градежни Дозволи кој го користат општините со електронскиот шалтер на  агенцијата со што ќе се овозможи директно префрлање на целокупната проектна документација од системот е-градежни дозволи во електронскиот катастар и ќе се олесни поднесувањето на барањето за упис на новоизградените објекти, а во завршна фаза е Софтверот за интегрирано планирање во  Агенцијата со кој ќе се има целосен увид во приходната и расходната страна на буџетските средства, ефикасноста на вработените и електронски ќе бидат водени сите секундарни бизнис процеси.

Во Програмата на Владата на Република Македонија не беа ветени а се реализира Намалување на цените на катастарот просечно за 16,1%. Кај производите кои се издаваат во електронска форма намалувањето на цените е за 19,3% додека кај цените што се во хартиена форма просечното намалување е 14,5%.

Не беше ветено а се реализира и Намалување на цените за изработка на Геодетски елаборати од приватните геодетски фирми, просечно за 10,1%.

Хелп деск за внатрешните и надворешните корисници на услугите и сервисите на Агенцијата исто така не беше ветен во програмата а истиот денес е реализиран па така Воведен е систем кој го регистрира секое барање од граѓанин, компанија, внатрешен или надворешен корисник на електронските системи на Агенцијата, и го следи неговото решавање од страна на операторите од прва линија или пак стручните служби од второто ниво за поддршка на корисниците.

Во програмата не беше ветен но по барање на граѓаните на Република Македонија започна со реализација на Проектот Имотен лист преку интернет кој ќе овозможи секој граѓанин да го нарача својот имотен лист преку интернет и во зависност од неговата желба истиот ќе може да го добие во  електронска форма за неколку секунди на неговата електронска адреса, но ќе може да побара да му пристигне по пошта на неговата домашна адреса.

По барање на граѓаните се Поедностави и поевтини постапка за уредување на меѓи во случаите каде што едни сопственици навлегуваат со определена квадратура кај други сопственици. Така денес со Изјава дадена на нотар и геодетски елаборат  кои заедно не ја надминуваат цената од 3.000 денари, граѓаните на брз, евтин и ефикасен начин можат да си ги уредат меѓите со своите соседи.

По барање на граѓаните започна со реализација и на проектот Изложување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, па така од околу 50.000 парцели градежно земјиште со неутврдено право на сопственост, до сега се изложени над една половина. Со овој проект се овозможи на десетици илјади граѓани на Република Македонија да можат да го приватизираат или откупат земјиштето на кое имаат изградено објекти без притоа да имаат трошоци за изготвување на геодетски елаборат.

интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

 

05.10.2014 - 14:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега