Жешка линијата на „Ало докторе“ - 186 повици за само два дена
На телефонската линија за медицински совети, 15123- АЛО ДОКТОРЕ, во изминативе два дена биле регистрирани 186 повици.
Јававувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.
На три лица поради нивната здравствена состојба од докторите-специјалисти им било укажано да повикаат итна медицинска помош.
Во текот на вчерашниот ден од 18 до 22 часот, за медицински совет била достапна докторката Татјана Баевска-Вучковиќ, специјалист педијатар.
Денеска од 19 до 22 часот на 15123-АЛО ДОКТОРЕ ќе биде дежурен Проф.Др. Никола Николовски, директор на клиниката за уво, нос и грло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа