Иванов во Охрид на церемонија „Бело знаме“

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре во Охрид ќе присуствува на церемонија на која ќе се додели „Бело знаме“, како симбол на чисто и еколошки третирано крајбрежје на тој дел од Охридското езеро.

Целта на проектот „Бело знаме“, организиран од страна на „Глобално здружение за подигање на свеста за подводниот свет - ГУВАА“ од Норвешка, е поголема еколошка одговорност кон водните ресурси и подигање на свеста за последиците од загадувањето на водите.

Глобален амбасадор на ГУВАА е актерот Арманд Асанте, додека амбасадор за Република Македонија е музичарот Влатко Стефановски.

Ова ќе биде прво доделено „Бело знаме“ во Република Македонија. 

05.10.2014 - 10:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега