Кочовска: Менувањето на инсулинот не е проблем за децата
Докторка Мирјана Кочовска од Клиниката за детски болести вели дека нема никаков проблем во менувањето на инсулинот, објави „Канал 5“. -Нема нов инсулин, сите инсулини во Македонија во последниве години се присутни и тоа се квалитетни инсулини. Нема лош инсулин затоа што инсулинот е еден од оние лекови кој бара долгогодишно следење за воопшто да се пушти во промет, вели доктор Кочовска.
Таа додава дека токму поради ова нема потреба родителите да паничат дека тоа ќе им штети на децата.
Докторката појасни дека и досега доколку на некое дете не му одговара типот го менувале инсулинот и тоа воопшто не е никаков проблем. За децата под 5 годишна возраст инсулинот ќе го даваат преку пумпи.
Вкупната бројка на деца до 18 години кои примаат инсулин изнесува меѓу 350 и 500, а најчестата причина за појава на дијабет е од автоиумина природа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа