„Се гледаме на ден Хааг“ - ќе се изведе хрватска претстава во Битола

 

 

НУ Центар за култура-Битола во соработка со македонско-хрватското друштво „Марко Марулиќ“, вечер се домаќини и организатори на гостувањето на театарскиот ансамбл „Пучка сцена“ од Херцеговац, кои ќе ја изведат претставата „Се гледаме на ден Хааг“.

Текстот за претставата е инспириран од текстот на Радослав Павловиќ „Шовинистичка фарса“ и е поставен на сцената на театарот во Херцеговац во чест на 90 годишнината од постоењето на тамошната читална и 30 години театар во Херцеговац, информираат организаторите на вечерашната театарска претстава која ќе биде бесплатно одиграна во малата сала на НУ Центар за култура-Битола.

Во претставата „Се гледаме на ден Хааг“ настапуваат актерите Зоран Крамариќ, Иванка Марениќ, Јосип Клобучар, Славен Јуриќ и самиот режисер Иван Братковиќ.

Театарскиот ансамбл „Пучка сцена“ досега одиграле 44 премири и настапувале во Унгарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, а вечер и во Македонија

04.10.2014 - 12:10

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега