Продадена парцела за хотелски комплекс во Центар

 

Градежна парцела, наменета за изградба на хотелски комплекс во Скопје, продадена е денеска на електронско јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија.

Станува збор за градежна парцела со површина од 2.350.2 м2 лоцирана во општина Центар, на која изградбата на хотелскиот комплекс е предвидена со Детален урбанистички план за дел од Спортско-рекреативен центар „Кале“, Блок 2.

- Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесуваше 61 денар од метар квадратен. Најповолен понудувач на одржаното електронско јавно наддавање е правното лице „Вардар експрес“ ДОО - Скопје со понудена највисока цена од 6.780 денари за метар квадратен, односно вкупно 15.933.000 денари за целото земјиште, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од електронското јавно наддавање. 

03.10.2014 - 15:41

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега