Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Курбан Бајрам

 

Трајко Вељаноски претседателот на Собранието на верниците од Исламската заедница и на Реисот Ул Улемахаџи Сулејман Ефенди Реџепи им го честита утрешниот празник Курбан Бајрам.  

Од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, ви упатувам искрени честитки по повод исламскиот празник Курбан Бајрам. 

Празникот нека даде поттик за почитување, толеранција и разбирањето меѓу луѓето. Нашите вековни традиции придонеле да си помагаме едни на други, без разлика на вера, националност или друга определба.

Празникот Курбан Бајрам и оваа година нека биде мотив за простувањето помеѓу верниците, пријателите и сограѓаните и нека ги исполни вашите домови со топлина и радост, се наведува во честитката.

Сакам да ја искористам оваа можност и да истакнам дека, стои во честитката, Република Македонија е држава која високо ги цени и почитува мултиетничките и мултирелигиските вредности и традиции, кои неуморно се градени и ни даваат перспектива за нашата иднина.

 Уверен сум дека празникот и заложбите на Исламската верска заедница, ќе придонесат за зајакнување на соживотот, соработката и взаемното почитување меѓу сите граѓани во Република Македонија, пишува во честитката од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. 

03.10.2014 - 13:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега