Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам
По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, проф. д-р Валентина Божиновска упати честитка до поглаварот на Исламска верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламска вероисповед.
- Со најсрдечни поздрави и најискрени желби, во името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и во мое лично име, Вам и на Ви го честитаме големиот празник Курбан Бајрам, со надеж дека празникот ќе ви биде светлина, задоволство, радост и простување, прифатена молитва и безброј благодети, стои во честитката.
Овој празник, со додава, нека биде повод за откривање на чувствата на љубов, толеранција, хармонија и почитување на волјата на нашите граѓани. Нека ви донесе повеќе среќа, мир и напредок во семејствата.
- Прославата на овој празник, како бајрамски подарок, нека Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во вашите домови и во домовите на Вашите најблиски и љубов и грижа за најблиските. Нека донесе хармонија во човечките односи, и нека нé потсети на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир и соживот, среќа и општа благосостојба на секој граѓанин и општеството, се вели во честитката од Божиновска
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа