Одлични поволности за откуп и закуп на станови за граѓаните со ниски примања

Лицата со социјален ризик и домаќинствата со ниски примања, со новата Владина одлука, добиваат одлични поволности за закуп или откуп на државни станови,  преку кредит од Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Р.Македонија.

Како што појсни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на лицата кориници на социјалана помош ко спаѓаат во категоријата лица со социјален ризик, ќе им биде доделен стан под закуп без плаќање на закупнина, се додека истите се приматели на социјална или постојана парична помош.

- Значи лица кои имаат стан добиен по основ на ниски приходи и доколку се во базата на податоци на Министерството за труд и социјалана политика нема да плаќаат закупнина, посочи Јанакиески.

На семејствата кои имаат приход од една ипол просечна нето плата во Македонија, која во јуни 2014 изнесуваше 21.233 денари, ќе им биде овозможено право на закуп на становите и тоа: ако семејството кое живее во станот има приходи од максимум две минимални нето плати, или околу 17.600 денари, цената на закуп по метар квадратен ќе изнесува 25 денари. Ако семејството има приходи повисоки од 17.600 и помали од една ипол просечна нето плата закупнината ќе изнесува 35 денари по метар квадратен.

- Исто така на овие лица доколку се заинтересирани им се дава право на откуп на становите по следниве услови  минимално учество од 5 отсто од вредноста на станот, рок на отплата од максимум 30 години и каматна стапка фиксна во периодот од 30 години во висина од 4 %, истакна Јанакиески.

Домаќинставта со просечни приходи, односно од една ипол до две ипол просечни нето плати, како што нагласи тој, ќе имаат право на откуп на стоновите преку кредит од Јавното претпријатие со учество до 20 отсто и фиксна каматна стапка од 4 проценти за 30 години и рок на отплата до 30 години.

Јанакиески појасни дека доколку овие домаќинства имаат приходи од една и пол до две просечни плати закупот е 62 денари, а доколку приходите се од две до две ипол плати закупот е 75 денари по метар квадратен.

Истите услови важат и за домаќинствата совисок приход, односно со примања од над две ипол просечни нето плати во Македонија, со тоа што тие при откуп на станот ќе трба да платат минимум 30 отсто учество од цената на станот.

Рокот за поднесување на барањеа за закуп или откуп на становите е до 31.03.2015 година.

- Во однос на корисниците на општествени станови, откупот ќе продолжи по досегашната постапка, односно по барањата кои беа пристигнати заклучно со законски предвидениот рок кој беше до 31.12.2010 година. При спроведување на постапката за продажба на општествените станови  Министерството за транспорт и врски се соочува со голем број на некомплетни барања,  со што се оневозможува решавањето на овие предмети. Со цел решавање на ова прашање, утврден е дополнителен рок за оние кои имаат поднесено некомплетни барања за приватизација на стан во општествена сопственост истите да ги комплетираат до 31.03.2015 година, доаде Јанакиески.

 Целта на овие активности, како што нагласи,  е конечно решавање на статусот на корисниците  на општествените станови во Република Македонија.

02.10.2014 - 13:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега