Фалц евра кружат во Македонија

21-годишниот С.А. од пехчевско си заработи кривична за фалсификување пари. Тој годинава прибавил фалсификувана банкнота во апоени од 200 евра, која иако знаел дека е фалсификувана на 10 февруари ја пуштил во оптек во банка во Пехчево. Имено, под изговор дека банкнотата е оштетена му ја дал на шалтерскиот работник, кој истата му ја заменил во денари и му наплатил провизија. Откако банкнотата била доставена до Дирекцијата за трезорско работење, со експертиза е утврдено дека таа била фалсификувана.

02.10.2014 - 12:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега