Претседателот Иванов на Спортски бон-тон во Маврово

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)"  денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општината Маврово - Ростуше.

Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште. 

02.10.2014 - 09:16

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега