Внимавајте: Се заоструваат казните - 500 евра за брзо возење

 

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на казнените одредби за сообраќајни прекршоци, со предлогот ќе има поригорозни казни за оние кои брзо возат, зборуваат на мобилен телефон и не носат безбедносен појас.

За тоа што покажа досега спроведената кампањата на министерството за внатрешни и може ли да се очекува дека новата позаострена казнена политика ке ги направи возачите повнимателни во вестите на Канал 5 зборуваше  инспекторот на МВР Иво Најдовски.

 -Министерството за внатрешни работи предвидува засилени казни во однос на потешките прекршоци,  изјави Иво Најдовски.

Тој предупреди дека заострени казни ќе има за прекршокот надминување на лимитот за брзината дозволен на патиштата.

- За прекршување на брзината од над 50 км на час од дозволеното предвидена е казна од 500 евра во денарска противвредност, потенцираше инспекторот Најдовски.

01.10.2014 - 16:25

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега