Јанакиески за РСМ: Олеснителни услови за корисниците на станови со ниски примања

 

Поволни услови за корисниците на станови. Лицата со ниски приходи ќе можат да си ги откупат или понатаму да плаќаат кирија, а надоместокот ќе биде утврден согласно со нивните месечни примања, изјави министерот Миле Јанакиески во емисијата “Индекс” на Радио Слободна Македонија.

Тој најави дека идната година се предвидени средства за финансиска поддршка на нискобуџетните авио компании, кои ќе се бираат на јавен повик за влез на поевтини летови до други дестинации.

Според Јанакиески, оваа одлука на владата поминала вчера, а меѓу олеснетите околности се отплата на ануитети на 30 години, но донесени се и мерки за оние лица кои се диво вселени во општествените станови.

Според Јанакиески, на почетокот на октомври Владата ќе распише оглас за избор на консултант кој треба да изработи студија која треба да покаже дали и колку е исплатливо воспоставувањето на национален авиопревозник во Македонија.

На синоќешната владина седница донесена е одлука и двете компании, турската Аксо енерџи и италијанската Конкордија да продолжат во втора фаза од постапката за избор на компанија која ќе ја гради гасоводната мрежа во Скопје. Конечната одлука владата ќе ја донесе во декември.

-Согласно физибилити студијата, Македонија беше поделена во три региони и ние започнавме со првиот, а тоа е скопскиот регион, каде што во првата фаза документација доставија две комапнии кои го поминаа првиот филтер, односно продолжуваат во втората фаза каде што следи фаза на изработка и допрецизирање на целокупната техничка документација и самиот договор. Потоа следи третата фаза каде што ќе има електронско јавно наддавање. Очекуваме дека до крајот на годината ќе биде познат и концесионерот кој ќе управува со скопскиот регион, односно ќе има обврска во наредните 5 години, до 2019 година, целосно да ја изгради дистрибутивната мрежа во Скопје. Очекувам до 2016 најдоцна да ги имаме првите приклучоци на гас во однос на индустриските објекти и домовите. Во однос на вториот и третиот регион успеавме да распишеме јавен повик за инвеститори кои ќе управуваат со овие региони, а инвестицијата за двата региони е околу 50 милиони евра. Веќе има интерес и за вториот и третиот регион. Паралелно работиме и на обезбедување средства за изградба на магистралната мрежа, исто така се дискутира и за дополнување на оние количества на гас кои Македонија треба да ги обезбеди за да може целата земја во иднина да има снабдување со гас. Со тоа ќе се обезбедат пониски цени за граѓаните и за индустриските капацитети, истакна Јанакиески.

Покрај гасификацијата која е еден од клучните проекти идната година, министерот Јанакиески изјави дека патната инфраструктура зафаќа голем дел од капиталните инвестиции. Покрај автопатите во фокусот се и регионалните патишта. Поголем број од нив стартуваат со реализација идната година. Неготино – Демир Капија, експресен пат Куманово – Република Бугарија, Кичево – преку извор до Дебар, Штип – Кочани изградба на експресен пат кој ќе чини 23 милиони евра, Охрид – Пештани изградба на нов пат, понатаму, изградба на експресен пат Штип – Радовиш, рехабилитација на патот Битола – Ресен и Делчево – Голак и Пробиштип – Пониква, во насока на развој на туризмот.

Гостувањето на министерот Јанакиески во емисијата “Индекс” на Радио Слободна Македонија можете да го погледнете тука.

01.10.2014 - 14:18

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега