Реконструирани два моста во село Русиново

 

Два моста на реката во село Русиново се обновени со 600 илјади денари од буџетот на Општина Берово, во рамки на општинската Програмата за уредување на патната и комуналната инфраструктура.

Извршено е проширување на коловозната површина од двете страни за по 40 сантиметри на едниот и за по  80 сантиметри на другиот мост. Со обновата на мостовите се отстранети тесните грла во сообраќајот на улицата кон селската црква и на локалниот пат што Русиново го поврзува со соседното село Владимирово.

Изведувач на реконструкцијата е СД „Транс“ од Делчево.

 

01.10.2014 - 13:17

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега