Започна обуката посветена на судските вештини на пишување

 

Започна реализацијата на дводневната интензивна обука посветена на судските вештини на пишување која ја организра Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство. На обуката учествуваат судии од сите инстанци и од сите апелациони подрачја.

Целта на дводневната обука е да се разменат компаративни искуства, но и воедно преку презентациите на странските експерт, претставници на Правосудниот колеџ на Обединетото кралство да се презентираат современи судски вештини и техники на пишување притоа користејќи се со познати судски случаи во Обединетото Кралство.

Директорот на Академијата, Анета Арнаудовска во поздравниот годор на отворањето посочи дека е исклучително важна организацијата на ваков вид на обуки преку кои националните практичари од земјата ќе имаат можност да усвојат нови вештини на пишување на судски одлуки, кои ќе значат истовремено и подигнување и унапредување на квалитетот на судските одлуки во Република Македонија.

- Посебно е значајно што, експертите на оваа обука доаѓаат од Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство, кој важи за еден од најпрестижните правосудни институции за едукација и обука во Европа и пошироко, додаде Арнаудовска.

Крајниот резултат по завршувањето на обуката е присутните да стекнат знаења и вештини кои подоцна ќе продолжат да ги пренесуваат на своите колеги.

01.10.2014 - 13:13

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега