Уште една сообраќајка ја потресе Македонија - повредени шест лица

Шест лица се задобиле со телесни повреди во сообраќајката што вчеравечер се случила на влезот на село Доброште на  регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од 43-годишниот Б.М. од Мала Речица и „Застава 101“  исто така со тетовски таблици што ја управувал 31-годишниот С.А. од Одри.

- Во несреќата возачот на „Заставата“ и пет сопатници од двете возила се задобиле со телесни повреди по што биле пренесени  во Тетовската клиничка болница, а тројца од нив биле задржани за натамошна обсервација, рече Јосифовски.

Се утврдуваат причините за несреќата. 

01.10.2014 - 12:59

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега