Кривопаланчани паднаа во рацете на полицијата

Врз основа на добиени оперативни сознанија за илегално минување на државната граница и криумчарење на акцизна стока а по претходно изготвен оперативен план РЦ за ГР Исток спречи шверц на цигари при што приведени се две лица М.С. (35) и Л.Ј. (34) двајцата од Крива Паланка.

Имено, двајцата приведени се забележени во близина на Граничниот Премин “Деве Баир“ како на грбот носат пакети покриени со шаторски крила а во рацете по една транспортна војничка торба. На издадената наредба да застанат почнале да  бегаат при што едното лице веднаш е фатено од страна на полициски службеници, додека другото лице откако после двестотини метри го фрлило пакетот на земја е пронајдено после неколку часа по интензивното пребарувања на теренот, во Самоков во правец на село Дубровница.

Кај двајцата односно во тогварот што го носеле пронајдени се 1520 кутии цигари со македонска заштитна маркица, бандерола и од лицата со потврда за привремено одземени предмети се одземени по 500 кутии цигари марка „57“; 250 кутии цигари марка „Трокадеро“ слим и 10 кутии цигари марка „Ева“ слим. Лицата се приведени во ПС и на истите им се издадени платни налози за наплата на глоба согласно чл.9 ст.1 вв.чл.68 ст.1 од ЗГК и  покана за наплата на глоба по чл.9 ст.1 вв.чл.15 ст.2 од ЗЛК

01.10.2014 - 12:43

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега