Тетовчанец домот си го претворил во магацин за оружје

Во текот на вчерашниот ден полицајци извршиле претрес во домот и други простории на 26-годишниот М.Љ. од Тетово, на  улица „Браќа Миладиновци“. Полициските службеници откриле автоматска пушка со дрвен кундак и бајонет, рамка во која имало 14 куршуми, калибар 7,62 милиметри, најлонско ќесе со 458 куршуми, исто така, калибар 7,62 милиметри, три празни рамки, две парчиња пиштолска муниција со различен и едно со непознат калибар. Сето пронајдено во претресот е фотодокументирано, со потврда е одземено и ќе се вештачи.

М.Љ,  неговиот татко  Х.Љ.(65), и брат М.Љ.(31), кој го попречувал претрeсот, приведени се во СВР Тетово. 

01.10.2014 - 12:38

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега