Грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на Златковата кула во Кратово

 

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс денеска во Кратово ќе потпишат Договор за доделување грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културно наследство.

Грантот е наменет за конзервација и реставрација на Златковата кула, која се смета за една од најстарите кули во Кратово. Изградена е во 1365 година, а името го добила по нејзиниот последен сопственик Ѓорѓи Златков.  

На овој споменик на културата е интервенирано и преку проекти на Министерството за култура со вкупна вредност од 1,3 милиони денари од 2009 до 2012 година. 

01.10.2014 - 10:10

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега