Битола: Пет часа на студ лежев покрај мртвото тело на другарот Никола
Искусниот планинар Никола Јашманковски (67) откако се искачил на два врва се струполил на земја додека се симнувал од планината, а другарите се обиделе да го спасат, но безуспешно, пишува Дневник.
-Пет часа на студ лежев покрај другарот во страв да не наидат диви животни и да го растргнат телото. Бев прегладнет, немав ни капка вода за пиење, но не ме пушташе душата да го оставам во планина. Со овие зборови битолскиот планинар Петар Ставрев за Дневник раскажува за трагичната ноќ на планината Баба, кога починал неговиот другар Никола Јашманковски (67). Несреќата се случила завчера додека се симнувале од врвот Неолица.
Повеќе прочитајте на Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа