ВИДЕО: Еве колкава сила е потребно за новиот ајФон да се свитка

 
 
Обвинувањата дека новиот модел на ајФон премногу лесно се виткаат под притисок се проширија низ светот. Меѓутоа, во Ејпл и понатаму тврдат дека се работи за претерување односно дека виткањето при нормална употреба се случува многу ретко. 
Кој е во право? Случајот го истражи непрофитната потрошувачка организација Консјумер Рипортс, кои со помош на посебна машина испитаа колкава сила всушност е потребна за смартфонот трајно да се свитка. 
Погледнете го видеото и откријте како ајФон 6 и 6 плус, но и конкурентските смартфони и постариот ајФон 5, поминаа на тестирањето.
 
29.09.2014 - 14:49

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега