Кукан: Македонија ќе добие препорака за преговори за членство

 

Европскиот пратеник од Словачка Едвард Кукан, кој воедно е и член на демохристианската група во ЕП во интервју за НОВА открива дека Македонија и годинава ќе добие препорака за членство за преговори. 

- Препораката мислам дека ќе биде тука. Верувам и знам дека политичката порака за Македонија ќе биде таа која нема да ја обесхрабри Македонија на реформскиот пат и преговори. Јасно ќе биде кажано тоа. Во однос на препораката разбирам дека е тешко да се најдат други зборови за да се каже истото бидејќи суштината е иста - вели тој.

Кукан вели дека Макеоднија не треба да биде загрижена за иднината на процеост на проширување, и покрај изјавата на новиот претседател ан ЕК Жан-Клод Јункер дека во наредните пет години, за време на неговиот мандат, нема да има нови членки во ЕУ, пратеникот Кукан не ја толкува како негативна.

- Изјавата на Јункер загрижи многумина. Но секогаш се цитира само овој дел од изјавата. А Јункер продолжи со изјавата и рече дека преговорите за проширување ќе одат со уште поголема брзина, без паузи и без пречки и дека ќе биде многу лошо ако испратиме лоши сигнали на нашите партнери - вели Кукан.

29.09.2014 - 13:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега