Некој ќе си лапне автомобил - подгответете се за нови награди со фискалните
Со директен пренос на МТВ1, вечер ќе се одржи десеттото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Во ова коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.
Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 10-то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11.2013та година. Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013 година, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:
Досега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и 9 автомобили. Покрај главните награди за претходните 9 извлекувања доделени се и 1.350 вредносни ваучери од 1000 до 60.000 денари на добитници ширум Македонија.
Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа