И мајката и бебето кое падна на бетон се во добра здравствена состојба

 

Бебенцето заедно со неговата мајка се во одлична здравствена состојба, изјавија одговорните во Гинекологијата во Чаир, според кои во овој случај одговорноста не треба да се бара во здравствениот систем, туку во индивидуалната одговорност. 

Жената која се породи по четврт пат, во текот на бременоста не посетила гинеколог, а и во претходните три случаи своите деца ги раѓала во домашни услови. 

За четвртото дете не успеала да стигне до болницата, по што го родила пред зградата, а некои од очевидците забележале како бебенцето паднало на бетонот.

 

29.09.2014 - 11:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега