Македонија во Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија

 

Министерот за економија Беким Незири и комесарот на Генерелниот директорат за претпријатија и индустрија при Европска комисија Нели Ферочи, денеска во Брисел ќе потпишат договор за учество на Македонија во Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија (КОСМЕ) 2014–2020.

Програмата, како што информираат од Министерството за економија, има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси.

Оваа Програма претставува продолжение на Програмата за конкурентност и иновации ЦИП 2007-2014 за која надлежно беше Министерство за економија и која создаде рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој.

29.09.2014 - 10:57

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега