Италијанско-македонски семинар „Работејќи за Европа.ком“
Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска и утре организира Италијанско-македонски семинар насловен „Работејќи за Европа.ком“.
Како што соопштија организаторите, на семинарот ќе се третираат теми од европските јазични политики, европското граѓанство и европските културни модели, дигиталната ера и граѓанството во 21-от век, сликата на Европа во македонската литература...
Во реализација на семинарот ќе учествуваат седуммина професори од Универзитот „Католика дел Сакро Куоре“ од Милано и професори од Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Семинарот претставува дел од активностите на Италијанската амбасада по повод актуелното претседавање на Италија со ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа