Авантуристички викенд во Дојран

 

Во Дојран денеска и утре по вторпат се одржува Дојранскиот авантуристички викенд.

Целта на манифестацијата е преку натпреварувачки и рекреативен карактер, кампување и другарување да се промовираат потенцијалите и можностите за активен туризам во дојранскиот регион.

 

Активностите почнуваат со официјалната кантри крос трка низ Нов Дојран по кружна патека долга 3,1 километар, на која ќе настапат натпреварувачи од сите категории.

Викенд дружењето за сите авантуристи е организирано на Алекс плажата, каде е поставен базниот камп.

27.09.2014 - 10:19
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега