Ќе дува силен ветер - подгответе се за најстудениот ден оваа есен
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен наместа засилен ветер од северен правец кој на моменти се очекува да достигнува брзина од околу 70 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневната температура ќе бележи пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа