Поголемо индустриско производство во август

Индустриското производство во периодот јануари - август годинава во однос на истиот период лани е поголемо за 4,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во август годинава, пак, во споредба со август 2013-та индустриското производство е поголемо за 1,3 проценти.

Индустриското производство во август годинава во однос на истиот месец лани во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 11,8 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 46,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август претходната година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 46,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти, додека опаѓање е евидентирано кај енергија за 42,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 проценти.

26.09.2014 - 13:44

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега