Го удриле со пиштол во глава на големиот одмор - драма во Тетово

Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот пред угостителскиот објект спроти Средното текстилно училиште во Тетово, за време на големиот одмор 18-годишниот А.Х. бил нападнат од страна на неколку лица. Според податоците од полицјата, момчето било удрено во главата со метален предмет, а потоа и со пиштол.

На А.Х. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница во Тетово. Од извршен разговор со оштетениот истиот посочува неколку лица како можни сторители, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

26.09.2014 - 13:13

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега