Парнарџиева Змејкова на Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана
Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска и утре ќе учествува на Осмиот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана. Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова ќе има своја презентација на Форумот на тема „Е-здравство, сегмент во кој Македонија е препознаена како лидер во регионот“.
На стручниот собир, соопшти ФЗОМ, ќе учествуваат директори на фондови за здравство и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Република Српска, кои ќе имаат свои излагања поврзани со предностите и негативните апсекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.
Размената на искуствата на менаџерите на фондовите за здравство, предизвиците и начините со кои тие секојдневно се соочуваат, како и идеите за подобрување на здравствените услуги, како што се наведува, се можност да се согледа какви се решенијата на одредени прашања во соседните земји.
- Позитивните искуства се одлична можност да се види дали сличните решенија имаат апликативност во натамошното унапредување на здравствениот систем во Република Македонија, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа