Ново заладување - од петок ветер и значително пониски температури
Во Македонија во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд. Претежно сончево со локална облачност во текот на целиот ден ќе биде во југоисточните предели.Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 27°C.
Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.
Во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд и втеровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 6°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 21°C.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа