ФОТО: Македонија хакирана во ООН
Линкот на македонската мисија во Обединетите нации на службената страница на ООН е хакиран, пишува Вест.
На службената страница на ООН наместо податоци за Македонија, се појавуваат содржини на јапонски јазик. Неофицијално, извори од МНР велат дека подолго време страницата на македонската мисија во ООН никој не ја ажурира.
Од МНР изјавија дека преку македонската мисија во Њујорк ќе реагираат до ОН да се тргне од линкот содржината на јапонски јазик.
„Страницата, по се изгледа, е хакирана. Ќе интервенираме да се тргне и да се врати старата страница", изјавија за Вест од Министерството за надворешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа