Кирил Спироски: Младите да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина

 

Параметрите кои странските водечки организации ги соопштуваат за македонската економија не можат да се игнорираат. Точно е тоа што го вели претседателот Иванов, дека тоа е основата за младите да останат во својата држава и тука да ја градат својата иднина. Иселувањето и потрагата по подобри места за живеење не е ништо ново во РМ, но многумина од тие што отишле надвор, честопати се случува да се вратат во Македонија и да почнат свој бизнис. Ова го темелам на следните параметри и показатели:

1. Македонија има долгогодишна макроекономска стабилност со ниска инфлација која во просек изнесува околу 2-3%; низок буџетски дефицит; стабилен девизен курс и низок државен долг 35,3% од БДП во април 2014 година, што е четврт најнизок долг во Европа.

2. Во 2013 година економијата оствари висока стапка на раст од 3.1%, што е четврт највисок раст во Европа. Позитивните движења во 2013 и во првата половина од 2014 кога бележиме раст од 3,9%, претставуваат солидна основа да очекуваме во 2014 ќе се реализира стапка на раст на БДП од околу 3,5%, колку што се и проекциите на ММФ и Светска банка.

3. Добрите економски резултати се потврдени и од меѓународните рејтинг агенции: Кредитната агенција Фич го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија (ББ+) како резултат на подобрените перспективи за економски раст, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор. Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг како резултат на поволната и монетарна фискална политика и ниската задолженост со умерен долг, но и подобрување на состојбата со невработеноста каде се бележи нејзино намалување.

4. Постигнатите резултати за подобрување на бизнис климата се видливи и потврдени од релевантни меѓународни извештаи и институции. Во последните 7 Doing Business Извештаи на Светска банка, Македонија четири пати се најде меѓу топ 10 најдобри реформатори во светот, при што во Doing Business 2010 и 2012 беше рангирана како 3 најдобар реформатор во светот. Во последниот извештај на севкупниот индикатор за условите за водење бизнис Македонија е рангирана на 25 место во свет со што е најдобро рангирана земја во регионот и подобро рангирана од 19 земји членки на ЕУ.

5. Неодамна, престижниот „Форин Полиси“ во својот последен извештај ја рангираше Република Македонија на 29-то место во светот според индексот на основна профитабилност, бележејќи скок од 5 места и сместувајќи ја во врвот на земји од регионот и пошироко како најповолна дестинација за странски инвестиции.

Кирил Спироски -Претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

24.09.2014 - 20:28


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега