Твининг-проект за превенција и борба со корупцијата
Во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска ќе се одржи прва, официјална конференција за започнување на твининг-проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“.
Проектот е дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија, а партнери во реализацијата на проектот се Република Македонија и Сојузна Република Германија. Проектот е креиран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поддржан од Европската унија.
На конференцијата ќе бидат соопштени планираните активности и цели што ќе се реализираат во период од две години колку што ќе трае проектот. Нив ќе ги презентираат Мирјана Димовска, член на ДКСК, во име на Република Македонија како земја-корисник, и на Михаил Арндт Холгер - во име на СР Германија, како земја-членка на Европската унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа