Случај Дениза Маркоска: Нема кривично дело
Документацијата од крајбрежната стража и полицијата за случајот со исчезнатата Дениза Маркоска е пристигната во Обвинителството, ќе се разгледа и ќе се проучи, во следниот период, јавува Канал 5 повикувајќи се на извори од истрагата која ја водеше крајбрежната полиција. Изворите велат дека нема ништо ново, освен првичните проценки и сомневања дека во случајот со 23 - годишната Македонка нема криминално дело.
И 10 дена по мистериозното исчезнување, нема информација, што се случило со Дениса, како во петокот на 12. септември во раните утрински часови ја снемало од бродот додека пловел кон Крит. Крајбрежната стража 3 дена трагала по 23 - годишната девојка, но без никаков резултат. Потрагата запрела согласно светските поморски правила. Полициски извори за Канал 5, минатата седмица објаснија дека тоа што бродот е странски, а не грчки, не игра никаква улога во текот на истрагата, а потенцираат дека бил направен разговор со сите патници кои биле на бродот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа