Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа во Бигорскиот манастир
Даниела Рангелова, Претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, денес го посети манастирот „Св. Јован Бигорски“ кој е големо светилиште и прогласен споменик на културата од 1953 година.
На средбата со отец Доситеј и монашната заедница беше врачена обезбедената финансиската донација од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ за реставрација на големото настолно Евангелие од 1703 година печатено во печатницата на царот Петар Велики. ВМРО- ДПМНЕ на овој начин даде уште еден значаен придонес кон зачувување на капиталниот книжевен фонд од Библиотеката на Манастирот кој беше опожарен во 2009 година.
Преку оваа поддршка се зачуваат и реставрираат книги од непроценлива вредност на нашето духовно книжевно богатство, нагласи Рангелова и додава дека со финансиската донација од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се овозможува и надминување на финансиските потешкотии кои ја отежнуваат динамиката на зачувување на книжниот фонд.
Манастирот св. Јован Бигорски има исклучително место во животот на македонскито народ бидејќи претставува македонска Света Гора и со својата исклучителна архитектонска целина и живописна местоположба при секоја посета предизвикува ретки чувства на восхитеност зошто зрачи и со својата духовност низ целата историја и претставува извор на религиозна вдаховеност, истакна Даниела Рангелова.
Монашката заедница и отец Доситеј во име на игументот на манастирот Архимандритот Партениј се заблагодарија за обезбедената финансиска донација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа