„Засади дрво за мир 2014“
Македонија ќе се приклучи кон интернационалната акција „Засади дрво за мир 2014“ што се спроведува по повод 21 септември, Светскиот ден на мирот, а во која се вклучени повеќе од 5.000 училишта од 120 земји од светот.
Во Македонија оваа акција, како што е предложено во кампањата ќе се спроведе денеска, а ќе ја одбележат 50 училишта и градинки, со што голем број ученици и деца ќе поминат еден ден во природа и ќе научат многу од и за дрвјата.
Акцијата на садење на дрвја за создавање на одржлива иднина во светски рамки по десетти пат ја спроведува Интернационалната програма „Учење за шумите“ на Фоднацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и Програмата ЕНО, додека во Македонија се реализира преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа