Фотографијата која ја расплака цела Србија

Трогателна фотографија која ја расплака цела Србија. Србија вторпат годинава ја погодија поплави поради кои беа евауирани цели села во Источна Србија, а многу семејства останаа без покрив над главата. Во селото Бољетин, кое исто така беше силно погодено од поплавите, новиот дожд го успорува расчистувањето на теренот.

Помошта доаѓа од војската во Србија која ги расчистува поплавените куќи. На социјалните мрежи се појави фотографија која ја расплака цела Србија, а на која се гледа како едно момче од пет години бутка количка и помага во расчистувањето.

- Што да се каже, а да не се заплаче? Додека одев по селото, случајно го видов момчето кое гордо помага да се расчисти неговиот дом. Морав да го фотографирам – изјави Даниел Докиќ, автор на фотографијата.

21.09.2014 - 15:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега