Спасов, Дервиши и Даути во посета на пунктот „Ден за вас“
Пунктот од каде што започнува новиот циклус на активности во рамки на Проектот „Ден за Вас“ денеска ќе биде посетен од министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ВД директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), Амет Даути и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Булент Дервиши.
Основна цел на оваа активност е осигурениците, односно работниците преку непосредни прашања со вработените од Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и МАПАС да добијат одговори на прашања поврзани со првиот и вториот пензиски столб и да си ги проверат податоците за стаж на осигурување и плати
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа